Press "Enter" to skip to content

Обвинителството поднесе обвинение против Мевлудин Алити, инвеститорот на кафулето кај Мавровка

Мевлудин Алити кој се товари за бесправно градење, додека траеше истрагата за неговиот случај почна да го обновува срушениот објкет. Овој пат, општината Чаир вели дека објектот не е дивоградба, затоа што инвеститорот имал законско право да го обнови објектот со лесна метална конструкција.   Основното јавно обвинителство денеска поднесе обвинение за Мевлудин Алити, инвеститорот кој на местото на изгореното кафуле „Фонтана“ на платото на трговскиот центар „Мавровка“ градеше објект…

Стевчо Јакимовски обвинет за финансиски криминал и незаконско градење

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, е обвинет за Злоупотреба на службената положба и Бесправно градење. Јавното обвинителство за борба со организиран криминал денеска објави дека освен Јакимовски обвинети се уште 10 лица, од кои дел се негови соработници од општината. Екс градоначалникот на Карпош е обвинет дека во периодот од 2011-2017 година повеќе пати извршил злоупотреби при јавни набавки за општината, незаконска легализација на времени објекти од деловен карактер…

Обвинение за „Рекет“: Катица Јанева зела 50.000 евра, Боки и Кичеец 1,5 милион евра од Камчев

Обвинителството за организиран криминал и корупција денеска до Кривичниот суд поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски. Јанева е обвинета за злоупотреба на службената положба, а двоецот Боки 13 и Кичеец за кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“. Тројцата обвинети се товарат дека од ноември минатата година до април годинава од Јордан Камчев извлекле 1.550.000 евра со цел да ја олеснат неговата позиција во предметот „Империја“…

Обвинителството уште не знае дали ќе има обвинение за Стевчо Јакимовски

Една година траат обидите да се истражува работата на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски. Неговата работа во општината беше таргет на критичните медиуми и на истражувачките новинари кои пишуваа за незаконските процедури во кои што се оттуѓуваше државен имот и земјиште во општината. Во март годинава судијата не одобри притвор во Шутка за Јакимовски, за по шест месеци на барање на обвинителството Јакимовски да се ослободи од куќен…