Општината Охрид денеска почна да ја урива бетонската база во сопственост на фирма на охридскиот бизнисмен Нефи Усеини, јави дописничката мрежа на дигиталната редакција “Сакам да Кажам”. Базата се наоѓа на патот кој води кон Струга покрај периферната охридска населба Далјан и истата почна да се гради на самиот езерски брег, на само десетина метри од водата. Минатиот јуни порталот А1он објави дека советник во охридската општина и контроверзен бизнисмен…
Со четири нецелосно урнати дивоградби, од вкупно 1076, градоначалникот на Охрид Константин Георгиески замина на отчет во седиштето на УНЕСКО во Париз. Тој таму го презентираше првиот извештај за напредок по однос на препораките од последната сесија на Комитетот на светско и природно наследство. Георгиески рекол дека во текот на изминатите три месеци општината Охрид покажала „значителен напредок во делот на исполнување на препораките“. Ја споменал одлуката за мораториум на…
Сопствениците на ресторанот „Момир“ и кафулето „Ликвид“ денеска побарале сами да ги урнат дивоградбите кои задираат во водите на Охридското Езеро, по што даден им е разумен рок на своја рака да започнат со активностите, откако утрово се изведуваа подготовки за уривање од страна на општината. Од општината велат дека во текот на викендот ќе вршат инспекција и доколку сопствениците не го почитуваат сопственото барање, ќе руши општината, а ќе…
Општинскиот советник во Охрид и сопственик на неколку дивоградби од редовите на ДУИ, Нефи Усеини, го откажа протестот планиран за денеска пред општината. Од СВР Охрид потврдуваат дека протест бил закажан, без да посочат кој стои зад организацијата и добиле известување дека истиот нема да се одржи. На 22.септември, преку Фејсбук, Усеини најави протест поради начинот на кој се одвивала акцијата за уривање на дивоградбите и беше изнесено мислење дека…