Press "Enter" to skip to content

Кочани во битка за вистината, почна судењето за дивата дискотека „Пулс“

Многу полиција, семејства на 63 починати и 35 обвинети. По осум месеци од трагедијата во дивата дискотека „Пулс“ во Кочани, роднините на загинатите дочекаа да започне судскиот процес. Новата судница во рамки на затворот Идризово беше преполна. Обвинителството порача дека доколку во Пулс имало контрола, надзор и санкција, пожарот ќе се запаметел како инцидент а не како масовна гробница.   Известува: Александар Јанев Првите неколку часа од судењето за случајот Кочани,…

Апелацискиот суд го враќа случајот со пожарот во модуларната болница на повторно судење поради невнимателно утврдени факти во пресудата

Повторно ќе им се суди на директорите на болницата во Тетово, во која за време на ковид пандемијата во пожар изгореа 14 луѓе. Пресудата на Судот во Тетово била нејасна, одлучи Апелациониот суд во Гостивар. За причините за пожарот, обвинителството за гонење организиран криминал и корупција повеќе од две години води предистрага. На повторно судење се враќа дел од предметот против двајцата директори на Тетовската болница за случајот со пожарот…

Осудените за модуларната болница во Тетово надеж гледаат во германското вештачење

Двајцата поранешни директори, осудени за пожарот во модуларната болница во Тетово побараа да бидат ослободени од вина. Причината за смртта на 14 ковид пациенти според нив треба да ја открие вештачењето на германските експерти кои утврдија дека пожарот избувнал и брзо се проширил поради лошата изведба на модуларните контејнери – доказ кој никогаш не се изведе додека им се судеше. Пред Апелациониот суд во Гостивар обвинетите порачаа: „Почитуван судија, пред…

Обвинителка од колегиумот на Јовески за тетовската модуларна болница избрана за негов привремен наследник

Обвинителката Соња Симовска беше дел од стручниот колегиум од обвинители којшто го состави Љубомир Јовески. Таа, исто како и другите обвинителите, ценела дека не мора да се бараат причините за пожарот, туку гласала да се гонат болницата, докторот и директорот.  Известува: Бојан Стојановски Соња Симовска е нов в.д. републички обвинител. Со девет гласа „за“, Советот на јавни обвинители ја избра да ја врши функцијата, но не подолго од шест месеци.…