Во пресрет на локалните избори, Владата ја подотвора вратата повторно да дозволи државно спонзорирање во медиумите. Пред една недела Министерството за економија распиша два тендера во вредност од 220.000 евра за промоција на туризмот преку реклами во интернет портали. Еснафските новинарски здруженија стравуваат од можен поткуп и таргетирање на „свои“ медиуми каде ќе се слеваат парите. Од Владата тврдат дека кампањите биле дел од напорите да се помогне на овој…
Поранешната новинарка Александра Спасевска во јули стана специјален советник на министерот за економија, а од пред една недела доби уште една државна функција. На предлог на министерот Крешник Бектеши, Владата ја избра за член на Управниот одбор во Агенцијата за енергетика. Спасевска е дипломиран новинар со 12 годишно искуство во новинарската професија. Но, таа освен што се грижи за ПР-от на министерот за економија, отсега ќе треба да носи одлуки…