Доктор Жан Митрев и неговата приватна болница се обвинети за кривично дело „Измама“. Јавното обвинителство – Скопје по шестмесечна истрага собра докази дека кардиохиургот со умисла ги доведувал во заблуда пациентите кои се лекувале од КОВИД 19 дека методот хемофилтрација е безбеден и ефикасен лек против вирусот. Казната за ова кривично дело е затвор од една до десет години. Обвинението се темели на 283 сведоци, на кои лекарот треба да…
Придружуван од двајца адвокати и подготвена презентација „Факти за Ковид“ доктор Жан Митрев денеска одржа прес конференција за новинари. Средбата со медиумите доаѓа во време кога обвинителството води истрага против него, а граѓанскиот суд треба да донесе одлука дали ќе ја прифати неговата тужба за клевета против новинарите на ИРЛ. Од институциите досега само Агенцијата за лекови (МАЛМЕД) му поднесе прекршочна пријава и бара казна за болницата, бидејќи клиничките испитувања…
Во Македонија не само што нема истраги, туку дел од институциите ги спречуваат напорите на новинарите да откријат што се случило и дали земјата има силни механизми да ги заштити граѓаните од оние кои би можеле да профитираат на сметка на здравјето на граѓаните. Низата настани кои следуваат се дел од макотрпниот институционален пат на ИРЛ да ги добие одговорите за кои што надлежните не се заинтересирани Пишува: Давид Илиески,…
Министерството за здравство бара итна, брза и независна истрага од страна на надлежните институции по текстот на ИРЛ за лажните сертификати за лична заштитна опрема, односно КН95 маски. Во меѓународното истражување ИРЛ откри дека најмалку седум јавни здравствени институции набавиле маски кои имале лажни и невалидини сертификати за квалитет и се под истрага на Европската канцеларија против измами ОЛАФ. Маските биле кинески, а институциите ги набавиле на тендер. Трите македонски…