Полицијата го приведе бизнисменот Ратко Капушевски сопственик на компанијата РКМ. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага и осомничи 13 лица за злоупотреба на службената положба и за перење пари. ИРЛ уште во март 2022 година објави дека Капушевски е „тајниот“ продавач на мазут на ТЕЦ Неготино и откри како неговата РКМ успеа да го измами ЕСМ и да му продаде 188 илјади тони мазут на почетокот на…
Електрани на Северна Македонија ја тужи Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, бидејќи два пати позитивно одлучи, новинарите на ИРЛ да ги добијат сите договори за набавка на јаглен и мазут за енергетски кризната 2021 и дел од 2022 година. Судењето во Управниот суд е закажано на 26 март. Известува: Бојан Стојановски; Графика: Лука Блажев Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) поднесе четири барања за…
Здружението на новинари на Македонија испрати јавен одговор до Електрани на Република Северна Македонија (ЕСМ) откако компанијата незадоволна од сторијата на ИРЛ која опфати јавна набавка која што тие ја направиле, прати непримерен допис до медиумите и до еснафските организации. Во дописот ЕСМ делеше кфалификации, клевети и навреди за редакцијата. Како придружна документација кон нивниот допис, ЕСМ ги ипрати одговорите кои што им ги пратиле на новинарите на ИРЛ, но…
Ова е најскапата набавка на мазут во државата кога било, направена меѓу државната ЕСМ и еколошки контроверзната компанија РКМ. Никој од лиценцираните трговци со мазут не се пријавил на двата повика за набавка на вкупно 188 илјади тони мазут, но Капушевски доставил понуда со девет фирми од различни држави како негови добавувачи. ОМВ од Австрија и ИНА од Хрватска тврдат дека Капушевски ги излажал ЕСМ дека тие ќе му продаваат…