Press "Enter" to skip to content

Случајната ловечка вечера на Ислам Абази и Али Ахмети

„Кажете ми, ве молам, како може обвинителите од апелациското подрачје Штип да гласаат за обвинител за чија работа не знаат ништо?“ „Дали победи најдобриот обвинител или најуспешното политичко лобирање?“ Ислам Абази треба да гони организиран криминал, но самиот е прогонуван од минатото со Али Ахмети и видни припадници на таканаречената „огнена група“ на ДУИ. ИРЛ на социјалните мрежи најде  стара фотографија на обвинителот Абази и лидерот Ахмети која сугерира дека…

Кичеец му пресуди на обвинителот Арсим Адеми

Гостиварскиот обвинител Арсим Адеми доби само три гласови од Советот на јавни обвинители и нема да биде дел од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. За Адеми гласаа само членовите Фаик Арслани, Арбер Исаку и Коле Штерјев.  На денешната седница, Советот на јавни обвинители доверба им даде на досегашните обвинители од тимот на Вилма Русковска кои беа реизбрани со мандат за уште четири години. Во обвинителството се враќаат…

Можат ли повеќе и подобро: Со кои сили новата влада ќе се бори против корупцијата

ИРЛ ги анализира старо-новите предизвици во борбата со корупцијата и организираниот криминал коишто се дел од клучните стратешки приоритети за земјите на Западен Балкан одредени во документите на домашните и европските институции. Борбата против корупцијата ја донесе владата на СДСМ на власт во 2016 година. Крајот на нивниот мандат заврши речиси трагично и доведе до затворање на СЈО. Предизвикот останува, а дополнително Македонија ќе ги отвара и поглавјата 23 и…

(ВИДЕО) Јалова борба со криминалот и корупцијата

 „Потребни се темелни реформи во македонското судство“, „Договор нема, разликите за судските реформи останаа“, „Судски реформи без резултати“, ова се дел од насловите кои во последните 20 години осамнуваат во македонските медиуми. Во изминатите две децении евидентно е дека политичките гарнитури ги менуваат само позициите, но реториката останува иста. Кога се во опозиција критикуваат за корумпирано правосудство, криминална власт и заробени институции. Кога се на власт најавуваат одлучна борба против…