Се одложи и второто судско рочиште на обвинетиот доктор Жан Митрев. Неговиот адвокатски тим не успеал да направи увид во предметот. Митрев пред судот освен од новинарските екипи, беше дочекан од роднини на пациенти кои починаа во неговата клиника по примена на методот хемофилтрација за лекување од КОВИД 19. Половина час пред закажаното судење, семејствата дојдоа пред Кривичниот суд со фотографии од починатите и транспаренти на кои пишуваше „Профитер на…
Кардиохирургот Жан Митрев во Кривичниот суд дојде со двајца нови адвокати, што беше причина одбраната да бара одложување на рочиштето. Во адвокатскиот тим на Митрев се приклучија адвокатите Никола Додевски и Никола Лазаров, а следното судење судијката Лидија Петровска го закажа за 5 април. На барање на Јавното обвинителство, Кривичниот суд донесе одлука за забрана отуѓување и замрзнување на сметките на приватната клиника „Жан Митрев“, како гаранција за евентуална отштета…
На 28 февруари е закажано првото рочиште на доктор Жан Митрев, обвинет за измама на пациенти заболени од КОВИД 19. Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека го прифатил обвинителниот акт, а по предметот ќе постапува судијката Лидија Петровска. Од клиниката целосно го отфрлаат обвинението како неосновано и ќе докажеле дека ниту еден пациент не бил измамен. Основниот кривичен суд Скопје во целост го прифати обвинението против докторот Жан Митрев и…
Зоран Милески Кичеец сепак нема порано да излезе од затворот во Струга. Кривичниот суд одлучи да му го одбие барањето за условен отпуст и Кичеец да ја издржи казната до последен ден. Тричлен совет на чело со судијата Огнен Ставрев во петокот заседаваше по неговото барање за условен отпуст. На седницата освен судиите присутен бил и директорот на затворот во Струга кој го образложувал доброто поведение на Милески Кичеец во…