Press "Enter" to skip to content

Кочо Анѓушев ја презема сопственичката контрола врз фирмите од кои се откажа кога беше функционер

Кочо Анѓушев од денеска повторно е бизнисмен. Десет дена по напуштање на вицепремиерската функција тој се врати на чело на своите компании. Анѓушев промената ја направи и официјално во Централниот регистар и повторно е запишан како управител на компанијата „Брако“ на местото на досегашниот Ратко Ѓорѓиевски. Анѓушев оставката ја навести уште во ноември, со образложение дека не му е местото во техничка Влада. „Значи јас имам потреба да седам во…

Антикорупциска ги крие деталите за имотната состојба на Заев и Анѓушев

Антикорупциската комисија не одзволува увид во деталите од имотните листови на премерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев. ИРЛ побара да го види договорот за подарок на стан во Струмица на сопругата на премиерот Зорица Заева, како и договорот за продажба на удел во „Феро инвест“, фирма во сопственост на Анѓушев. Одлуката на Антикорупциската комисија не е конечна, бидејќи според законот може да се жалиме во Комисијата за заштита на…

Кочо Анѓушев: „Ќе организирам една канцеларија каде што ќе можете онлајн да се јавувате за проблемите“

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, денеска во Стопанската комора на Македонија ги повика бизнисмените за да им ги презентира новите законски измени за финансиска поддршка на инвестициите, но наместо аплауз доби многу критики.  Бизнисмените се пожалија на долгите бирократски процедури, каде за увоз на суровини за производство се чека  и по 4,5 месеци, неусогласеност на државните институции барат различни сертификати  за ист производ,  царински постапки кои траат по една…

ДКСК ќе ги истражува набавките на возилата на Мерко и Вангеловски и како се продало земјиштето кај „Холидеј ин“

Антикорупциската комисија денеска на седница отвори повеќе постапки за судир на интереси, незаконски набавки на возила и вработувања во државни институции. Дел од предметите за кои се отвара истрага, Антикорупциска комисија ги отвора по сопствена иницијатиа, додека дел се по пријава од граѓани или пак политички партии. На денешната седница, антикорупционерите едногласно одлучија да отворат постапка за продажбата на земјиштето кај „Холидеј ин“ на кое е предвидено да се изградат…