Кардиохирургот Жан Митрев во Кривичниот суд дојде со двајца нови адвокати, што беше причина одбраната да бара одложување на рочиштето. Во адвокатскиот тим на Митрев се приклучија адвокатите Никола Додевски и Никола Лазаров, а следното судење судијката Лидија Петровска го закажа за 5 април. На барање на Јавното обвинителство, Кривичниот суд донесе одлука за забрана отуѓување и замрзнување на сметките на приватната клиника „Жан Митрев“, како гаранција за евентуална отштета…
Судија на претходна постапка го прифати предлогот на скопското Јавно обвинителство и донесе одлука да му го одземе пасошот на доктор Жан Митрев, како мерка на претпазливост поради опасност од бегство. Оваа мерка доаѓа откако Јавното обвинителство – Скопје денеска донесе одлука за поведување на истражна постапка против сопственикот на приватната клиника за кривично дело Измама на пациенти. Како што објави ИРЛ, обвинителството бара мерки за претпазливост бидејќи постојат индиции…
Реакција на Истражувачка репортерска лабораторија, Хелсиншки комитет за човекови права и Македонско здружение на млади правници, по вчерашната прес-конференцијата на министерството за здравство за наодите од истражувањето „Нечиста крв“. Министерството за здравство и останатите државни органи кои учествуваа на вчерашната прес конференција уште еднаш демонстрираа како институциите со содржината и особено начинот на изразување сами ја зголемуваат општата недоверба на граѓаните во институциите. Ова доаѓа во моменти кога треба да…