Во Македонија не само што нема истраги, туку дел од институциите ги спречуваат напорите на новинарите да откријат што се случило и дали земјата има силни механизми да ги заштити граѓаните од оние кои би можеле да профитираат на сметка на здравјето на граѓаните. Низата настани кои следуваат се дел од макотрпниот институционален пат на ИРЛ да ги добие одговорите за кои што надлежните не се заинтересирани Пишува: Давид Илиески,…
Најмалку седум јавни здравствени институции набавиле маски кои имале лажни и невалидини сертификати за квалитет и се под истрага на Европската канцеларија против измами ОЛАФ. Маските биле кинески, а институциите ги набавиле на тендер. Трите македонски компании ги увезле, купиле и продале спорните маски од типот КН95 се „Др Пановски АД“, „Систина Фармација“ и „КМ Маријан“. Агенцијата за лекови „МАЛМЕД“ не вршела проверки на квалитетот на увезената заштитна опрема затоа…
Милован Бојиќ, директорот на Институтот за кардиоваскуларни заболувања „Дедиње“, ги набави брзите коронавирус тестови на „Биозек“ кои не се сигурни и кои се лажно претставени како произведени во Холандија – додека всушност се направени во Кина, открива КРИК / ОЦЦРП. Бојиќ ги увезе тестовите од Северна Македонија од компанија „Систина фармација“ која е на човек кој е под истрага за перење пари, изнуда и злосторничко здружување. Пред пристигнувањето на овие…
















