Press "Enter" to skip to content

Стевчо Јакимовски обвинет за финансиски криминал и незаконско градење

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, е обвинет за Злоупотреба на службената положба и Бесправно градење. Јавното обвинителство за борба со организиран криминал денеска објави дека освен Јакимовски обвинети се уште 10 лица, од кои дел се негови соработници од општината. Екс градоначалникот на Карпош е обвинет дека во периодот од 2011-2017 година повеќе пати извршил злоупотреби при јавни набавки за општината, незаконска легализација на времени објекти од деловен карактер…

Стевчо Јакимовски денес во обвинителството врши увид во доказите против него

Поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска ги видел доказите што Обвинителството за организиран криминал извршил ги прибра во истрагата што ја води против него, потврдија за ИРЛ од ова обвинителство. Јакимовски пред четири дена излезе од куќен притвор каде беше шест месеци, откако на 20 март беше уапсен поради злоупотреби за службената положба за приватизацијата и продажбата на земјиштето кај поранешниот ресторан „Имес“. „Истражната постапка за предметот во кој…

Стевчо Јакимовски: Од харизматично лице до непринципиелен политички профитер

Промени три политички партии. Истите му донеса три градоначалнички мандати и две министерски позиции. Вака се развиваше политичката кариера на претседателот на ГРОМ – Стевчо Јакимовски, кој избегна притвор во истражниот затвор во Шутка и помина со куќен притвор поради истраги врзани со приватизација и продажба на градежно земјиште. Како член на ЛДП и на СДСМ ја критикуваше ВМРО-ДПМНЕ, кога ја формираше ГРОМ во 2014 година почна војна со неговите…

Куќен притвор за Стевчо Јакимовски

На поранешниот градоначалник на општина Карпош и лидер на партијата Граѓанска опција за Македонија – ГРОМ во вторникот навечер му беше доделен куќен притвор. Основниот суд 1 оваа одлука ја донел на барање на одбраната поради, како што соопшти неговиот адвокат, здравствени причини. Јавното обвинителство за Јакимовски побара притвор од 30 дена во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари. Приватизациијата и продажбата на земјиштетот кај поранешниот ресторан „Имес“ во општината…