Таргет Тврдина е високопрофилен случај кој во судница го донесе човекот што важеше за недопирлив – Сашо Мијалков. Од спротивната страна, на столчето за сведоци, седи неговиот претходник во УБК – Зоран Верушевски. Едниот е повеќе мачо и бизнисмен, а другиот е смирен професор. И двајцата ја водеа институцијата со најлош демократски рејтинг во земјава и една од оние кои низ годините и отсуството на надзор акумулираше прекумерна моќ. Иако…
По седум часа преговори, Заев и Мицкоски од Собранието си заминаа без договор. Новинарите во два часот по полноќ го напуштија Парламентот со по некоја штура информација од преговарачките тимови. Премиерот Зоран Заев пристигна прв во Собранието и им понуди на новинарите да даде изјава. Но, дел од нив го одбија и рекоа дека ќе го чекаат исходот од средбата. По десетина минути дојде и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и точно…
Нина Ангеловска денеска ја имаше првата прес конференција како министерка за финансии. Се појави заедно со човекот којшто самиот сакаше да биде министер за финансии. Кусо време Заев имаше двојна функција, кога освен што беше на чело на Владата го покриваше и секторот финансии. Но, кога веќе не можеше да биде и премиер и министер и’даде шанса на Нина Ангеловска. Ангеловска за себе вели дека е вистински човек за таа…
Ова не е приказна за работата на владините комисии. Ова е илустрација на партиската окупација во институциите и за моќта дадена на некомпетентните индивидуи кои имаат предност пред јавниот интерес. Садула Дураки не им е омилен политичар на граѓаните. Неговата популарност, впрочем, и не била јавно мерена. Не покажа речиси никакви резултати како министер за животна средина, а дополнително го навлекуваше гневот на граѓантие поради тоа што не се срамеше…

















