Жителите на Лисиче се против ново заѕидување на населбата Лисиче кое ќе се случи ако помине новиот предлог ДУП кој предвидува висококатници на булеварот Србија или спроти кулите Џеваир. Деталниот урбанистички план предвидува девет нови згради. Градежната копманија „Голден Арт“, купила нива на која во предлог ДУП – от е вцртана зграда на 12 ката. „Призма“ ја објави сторијата за тоа кој ги крои урбанистичките политики во Скопје и откри…
ИРЛ работи на ново истражување за незадоволството на граѓаните од фирмите за одржување на станбени објекти. Истражувањето го почнавме од пријава на граѓанин и поради тоа сакаме да го слушнеме вашето мислење и да откриеме со какви проблеми се соочувате. Времето на одговарање на анкетата е околу две минути. Вашите одговори ќе ни помогнат да ја откриеме целата слика и да дојдеме до сржта на проблемот.
„Согласно Уставот и законите“ продолжува градежното силување на Кисела Вода. Најновата приказна од оваа општина доаѓа од улицата „Христо Татарчев“ каде почна градба на две петокатници. Зградите ќе се градат на зеленило, на неколку метри од постоечките станбени објекти. Со приватно обезбедување утрово инвеститорот пристигна на улицата „Христо Татарчев“ во Кисела Вода каде треба да почне изградба на две петокатници. Младиот сопственик на фирмата Кат Костов, опколен со четворица бодигарди,…