Францускиот претседател Емануел Макрон на денешната прес-конференција по европскиот самит во Брисел, ја образложи одлуката да постави блокада на процесот за почнување преговори со Македонија и Албанија. Тој смета дека не доволно се инвестира во земјите соседи на ЕУ и дека отпочнување на преговори не значи ништо за државите и нивните народи, бидејќи тие преговори може да траат и по 5 или 10 години и повторно да предизвикаат фрустрација кај…
Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, денеска во Охрид имаше средби со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев на кои беше потврдено стратешкото партнерство меѓу двете земји и поддршката од САД за интеграција на Северна Македонија во НАТО и ЕУ. Клучната порака што ја испрати од Охрид до македонскиот државен врв беше да расчисти со корупцијата. “Ги поздравуваме чекорите што ги презема владата во борба против против корупцијата…
Кога ќе се земат в обзир аспирациите на земјите од Западен Балкан за влез во евроатлантските трговски и безбедносни организации, речиси секогаш предничи зборот „реформи“. Меѓутоа, како што пишува порталот „Европски Западен Балкан“ (ЕЗБ), нема значајни реформи од владите во Западен Балкан и покрај опсегот на пропишани и имплементирани мерки, напротив, демократските стандарди постојано назадуваат. Европската Унија е свесна за тоа, како што е свесна дека пристапот кон овој регион…
Денеска се заокружува една година од (не)успешниот референдум во кој граѓаните имаа можност, да и кажат на владата што мислат за Договорот од Преспа. Прашањето беше дали граѓаните ги прифаќаат одредбите од Договорот со Грција за да се доближиме до ЕУ и НАТО. И една година потоа, јавноста останува поделена по прашањето на промената на името и потпишувањето на историскиот договор. Политичките партии немаат консезус по ниедно државно прашање, а…

















