Основното јавно обвинителство во Битола отвори предистражна постапка по допрен глас по сторијата на ИРЛ за набавка на адитиви за РЕК Битола. ИРЛ на 13 јуни објави истражување во кое откривме како јавни службеници во кризата виделе можност за профит преку сомнителни набавки за потребите на термоелектраните на јаглен во Битола и Осломеј во Кичево. „Основното јавно обвинителство Битола веќе води предистражна постапка во рамките на која проверува дел од…
Граѓаните го препознаваат проблемот и не се задоволни со селективното информирање и неотчетноста на институциите одговорни за справување со енергетската криза. Речиси сите граѓани кои го одговорија прашалникот на ИРЛ се пожалија дека не знаат што презема државниот и политички врв во земјава за да ги намали последиците од енергетската криза. Во поткастот на ИРЛ наместо заложба за транспарентност премиерот Димитар Ковачевски ги советуваше новинарите на ИРЛ да тужат институции…
Драги сограѓани, потребна ни е вашата помош за да ги разбереме и истражиме вистинските ефекти од енергетската криза врз животот и животниот стандард на луѓето. Во потрага по одговорност, подготвивме кус прашалник кој ќе ни помогне да ги идентификуваме вашите најголеми стравови и проблеми за престојната зима. Вашите одговори ќе ни помогнат да ги поставиме вистинските прашања и да направиме стории и истражувања кои ќе дадат точна слика за проблемите…
Додека Македонија очајнички бара јаглен и мазут за да ја скрпи зимата, оваа недела се набавила увозна струја по рекордни цени од по 325 евра по мегават час, податок којшто ЕСМ го сокри од јавноста. ИРЛ открива како и институциите и партиите знаеле што ја чека државата во пресрет на светската енергетската криза, но наместо да се грижат за потенцијалните социјални немири и загрозениот животен стандард, тие премолчеле и излажале…