Обвинителството тврди дека ќе докаже оти била злоупотребена постапката за јавна набавка, се переле пари, а високо позицинорани службеници во ЕСМ наместо да гарантираат енергетска безбедност ја злоупотребиле довербата која им била дадена. Се воделе од единствен интерес – богатење на државна сметка. Случајот лани го откри ИРЛ и објави две новинарски истражувања. Известува: Бојан Стојановски Започна судењето за случајот „Адитив“ кој се однесува на набавката на хемиски препарат против…
Граѓаните го препознаваат проблемот и не се задоволни со селективното информирање и неотчетноста на институциите одговорни за справување со енергетската криза. Речиси сите граѓани кои го одговорија прашалникот на ИРЛ се пожалија дека не знаат што презема државниот и политички врв во земјава за да ги намали последиците од енергетската криза. Во поткастот на ИРЛ наместо заложба за транспарентност премиерот Димитар Ковачевски ги советуваше новинарите на ИРЛ да тужат институции…
Во Македонија 30 години системски се разградува енергетскиот сектор. Од земја во која во времето на социјализмот се градеа енергетски објекти, транзициските политичари ја претворија Македонија во држава во која енергетската независност и развојот на овој сектор е само на хартија и тоа во изборните програми на партиите. После секои избори, развојот на енергетскиот сектор се сведуваше на тоа политичари или блиски роднини и пријатели на политичари да увезуваат електрична…