Не запира борбата на семејството Милкови против изградбата на трговски центар во Сопиште. Но, нивната заложба подножјето на Водно да остане место за мир и спокој наместо бетонизација ги донесе првите притисоци како за ова семејство така и за нивната адвокатка, кои одлуката на Општината да даде дозвола да се гради во Сопиште ја обжалија пред Управниот суд и со тоа ја запреа постапката и почетокот на градежните активности на…
Наташа Димитриевска во сообраќајна несреќа ги загуби својот сопруг и нероденото дете, а виновникот излезе речиси неказнет. Навидум, овој случај не е ништо посебен во однос на стотици други вакви кои биле дел од дневниот билтен на полицијата во минатата деценија. Но, отпорот на Наташа и нејзината јавна борба со обвинителите и судиите поттикнува и други граѓани да се побунат против судската власт. Зачетокот на овој мал граѓански бунт доаѓа…
Македонија денеска обележува 28 години од својата самостојност. На денот на независноста, граѓаните на оваа земја се потсетуваат како сме почнале. Улогата на медиумите е да учествуваат во овој празник, не само со репродукција на партиски и институционални соопштенија, туку да направат и осврт и да дадат перспектива на клучните постигнувања, проблеми и предизвици. Ние решивме да подготвиме серијал приказни од еден поинаков агол – до каде е Македонија и…