Шура, девер, братаница, баџанак, шурнајка, свеска. Долг е списокот на стеблото на македонските семејства, но моравме да го научиме за да утврдиме до кое колено се „изврзани“ роднините кои се чинат најподобни за работа во државната администрација. ИРЛ ги истражуваше законските дупки и итроштините на функционерите кои ќе сторат се нивните пулени да ги добијат позициите. Колку што е повисоко на семејното стебло, роднина од прво колено, толку и работното…
Непосредно пред вториот круг на претседателските избори, премиерот Зоран Заев гостуваше во емисијата „Отворено“ на Телевизија 24 . Тој, како и на сите предизборни митинзи и средби на кои присуствуваше со претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, најави дека ја примиле пораката која граѓаните ја испратиле во првиот круг и веднаш почнало да се работи на тоа. Според него, една од причинита за слабата излезност во првиот круг од претседателските избори и…
Откако сите институции се прогласија ненадлежни да се справат со дивите платформи кои се поставени на Матка, Антикорупциската комисија реши да го испита случајот. Антикорупциската комисија отвора предмет за случајот со дивоградбите на Матка. Црвеното светло кај антикорипционерите се запалило откако слушнале дека институциите се прогласиле за ненадлежни. На денешната седница на Комисијата, претседателката Билјана Ивановска рече дека црвеното светло се запалило кога сите институции се прогласиле за ненадлежни. „Таму…
По антикорупциската комисија која во петокот објави црна листа на вработени роднини на функционери чии вработувања ќе се испитуваат, денеска и премиерот Зоран Заев излезе со изјава дека и кај нив се прават анализи за вработувањата. Дали Владата или пак партијата(СДСМ) прави анализа, премиерот не беше јасен. „Правиме детална анализа. Се работи за личен однос и лична одговорност на одредени поединци. Начинот на конкурирањето, фер и транспарентната правична постапка во…