Сменета сум поради случајот со Драги Рашковски и со Беса Транс. Спогодбата со Мијалков беше добра, а коментарите на американската дипломатија за македонската корупција се срам, пораз и вистина, ги коментираше поранешната шефица на одделението за организиран криминал и корупција Вилма Русковска актуелните случувања во правосудството во новиот поткаст „Разговор во редакција“ на ИРЛ. Пораз за македонското правосудство е американски истражители да мапираат корупција, смета суспендираната обвинителка Вилма Русковска која…
Гостиварскиот обвинител Арсим Адеми доби само три гласови од Советот на јавни обвинители и нема да биде дел од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. За Адеми гласаа само членовите Фаик Арслани, Арбер Исаку и Коле Штерјев. На денешната седница, Советот на јавни обвинители доверба им даде на досегашните обвинители од тимот на Вилма Русковска кои беа реизбрани со мандат за уште четири години. Во обвинителството се враќаат…
“Неколку пати сум кажал и пак ќе повторам дека со бегање не се решаваат проблемите. Мојот стил на живеење не е да бегам”, ќе се пофали Сашо Мијалков за по три години да исчезне непосредно пред носење на пресудата. Имиџот на бестрашниот Мијалков кој секогаш стои на “браникот на татковината” се чини дека ќе заврши кукавички. Но, вистинското прашање е: Кој ова го дозволи. ИРЛ направи хронологија на настаните, а…