Последното рочиште помеѓу Министерството за здравство и компанијата „ЕМС“ мина во тензична атмосфера. Фирмата ќерка на „Фероинвест“ бара да и’ се исплатат 1,2 милиони евра за изградени три модуларни амбуланти, додека министерството спори дека поради незаконскиот анекс со којшто сумата се зголемила за да се подобрат безбедносните стандари по пожарот во Тетово – договорот е ништовен. Адвокатот на тужителот бараше репортерот на ИРЛ да биде отстранет од судницата и да…
Државниот обвинител Љубомир Јовески шестгодишниот мандат успешно го менаџираше како човек кој се бори за правда. Неговиот личен интегритет никогаш не беше доведен во прашање. Месец и половина пред заминувањето на функцијата Јовески пред пратениците во Собранието ќе треба да ја брани неговата улога во една од најголемите национални трагедии. Пратениците од албанската опозиција му поднесоа интерпелација во која бараат одговорност за неговата улога во истрагата за пожарот во модуларната…
32 години држава, 32 години корупција што убива. Со овој слоган и со поставување на 14 изгорени бели маици на местото каде што некогаш се наоѓаше модуларната болница започна денешниот марш со кој се одбележа две годишнина од пожарот во болницата во кој живи изгореа 14 лица. Семејствата на жртвите кои го организираа протестот побараа да се отвори нова истрага за причините за пожарот и да се уапсат вистинските виновници…
Обвинителите барале тетовскиот суд да ги отфрли германските вештаци за сведоци со образложение дека германското вештачење било „беспредметно“ за овој случај. Тие самите го завеле вештачењето како доказ, без да образложат за што е доказ, а потоа бараат за истото да не се расправа. На аудио снимката од судското рочиштe обвинителите Зорица Павловиќ и Дејан Петрески од скопското обвинителство го отфрлаат барањето за расправа и сведочењето на германскиот експерт и…