Press "Enter" to skip to content

Протест во Тетово за жртвите од модуларната болница, граѓаните бараат разрешување на Љубомир Јовески

Мирен протест со гласни пораки директно упатени до правосудните органи. На денешниот протест во Тетово, стотина граѓани бараа правда за 14-те сограѓани кои изгореа во пожарот во модуларната болница пред две години. На протестот присуствуваа граѓани од Тетово, но и од други градови во земјава. Протестот се одвиваше мирно, со гласни пораки упатени до надлежните институции. Се бараше разрешување на јавниот обвинител Љубомир Јовески и останатите обвинители вклучени во предметот…

УБИСТВО ВО ТЕТОВО

Сите несреќи од катастрофални размери коишто се случуваат во Македонија имаат една заедничка карактеристика која била дел од клучните настани кои довеле до катастрофата, а тоа е следново: Сите се случиле поради запоставување на обврските на оние на кои како заедница сме им дале полна доверба да управуваат со нас и заедничките добра. Запоставувањата предизвикале не само оштетувањето на заедничките пари и имот, туку личната корист толку преовладала, што запоставувањето на должностите отишло во такви размери што довело до чести настани со непотребна смрт и страдања на граѓаните.

Кочо Анѓушев ја презема сопственичката контрола врз фирмите од кои се откажа кога беше функционер

Кочо Анѓушев од денеска повторно е бизнисмен. Десет дена по напуштање на вицепремиерската функција тој се врати на чело на своите компании. Анѓушев промената ја направи и официјално во Централниот регистар и повторно е запишан како управител на компанијата „Брако“ на местото на досегашниот Ратко Ѓорѓиевски. Анѓушев оставката ја навести уште во ноември, со образложение дека не му е местото во техничка Влада. „Значи јас имам потреба да седам во…