Press "Enter" to skip to content

Најнова „бум“ стратегија за спречување на корупција

Двајца министри, претседател на Парламент и претседателка на Антикорупциска комисија, како и невропсихијатар ја отворија работилницата со која се означи почеток на процесот за изготвување Национална стратегија за спречување на корупцијата 2020 – 2024. А, во публиката ракоплескаа министрите Венко Филипче, Дамјан Манчевски, Горан Сугарески, Арбер Адеми, Мила Царовска и голем број пратеници од власта. Првата антикорупционерка, Билјана Ивановска, најави дека во следните два месеца во соработка со повеќе институции,…

Тендерите продолжуваат по старата „вмровска“: малку конкуренција и многу фаворизирање

Секоја трета набавка направена со државни пари била  само со една понуда, а фаворизирањето на одредени компании и потиснувањето на конкуренцијата се дел од клучните наоди во новиот извештај на Центарот за граѓански комуникации (ЦКГ) од мониторингот на јавните набавки спроведен во втората половина на 2018 година. „Спроведувањето на јавните набавки од локално ниво се карактеризира со истите проблеми како години наназад: ниска конкуренција, многу тендери со по еден понудувач,…

По една година Македонија доби Антикорупциска комисија

Новиот состав на Антикорупциска комисија денеска положи заклетва дека совесно и одговорно ќе си ја врши работата и дека во борбата со корупција ќе го почитува уставот и законите. Новата претседателка на комисијата, Билјана Ивановска очекува новиот состав професионално и законито и транспарентно ќе го штити јавниот интерес. „Корупцијата ја урива стабилноста на институциите и моралните корени на општеството. Присутна е се повеќе, секојдневно, а граѓаните во отсуство на систем…