Press "Enter" to skip to content

Игра на шпионите

Таргет Тврдина е високопрофилен случај кој во судница го донесе човекот што важеше за недопирлив – Сашо Мијалков. Од спротивната страна, на столчето за сведоци, седи неговиот претходник во УБК – Зоран Верушевски. Едниот е повеќе мачо и бизнисмен, а другиот е смирен професор. И двајцата ја водеа институцијата со најлош демократски рејтинг во земјава и една од оние кои низ годините и отсуството на надзор акумулираше прекумерна моќ. Иако…

Апелацискиот суд ги потврди пресудите за „Диво Насеље“

Апелацискиот суд во Скопје денеска ги одби жалбите на обвинетите и ја потврди првостепената пресуда за случајот „Диво Насеље“ во Куманово. Кривичниот суд во Скопје во ноември 2017 година изрече седум доживотни затворски казни за обвинетите од Диво Насеље. Тринаесет обвинети ги осуди на затворска казна во траење од 40 години, шестмина добија 20 години, а еден обвинет е осуден на 18 години затвор. Двајца добија затвор од 14 години,…

Катица Јанева најавуваше кандидатура за нов мандат, денес поднесе оставка

Шефицата на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева поднесе оставка, која ќе се активира кога партиите ќе се договорат за нејзиниот наследник и ќе го донесат новото законско решение. „Со месеци ги следам медиумските прилози за преговорите меѓу работните групи на политичките партиите за иднината на Специјалното јавно обвинителство. Еве, денес ја користам приликата да ја информирам јавноста дека јас нема да дозволам моето име да биде искористено за нечие алиби…

Поднесено обвинение против Ел Чека за објавување прислушувани разговори

По еден месец и објавени десетици бомби во кои можат да се слушнат инкриминирачки работи за членовите на владејачката ДУИ, Основното јавно обвинителство во Кичево поднесе обвинение против Шеќерим Ахмети на социјалните мрежи познат по профилот „Ел Чека“. „Обвинетиот при крајот на месец мај оваа година, од профил на една социјална мрежа, претставувајќи се како „El Cheka” објавил повеќе тонски снимени прислушкувани телефонски разговори на повеќе лица. Со тоа обвинетиот…