Прв пат за прислушуваните разговори, актуелниот премиер Зоран Заев, слушнал во 2013 година во јуни кога станал претседател на СДСМ. Ова денеска го соопшти премиерот во својство на сведок за случајот „Таргет-Тврдина“, каде што беше повикан од обвинителите по неодамнешното сведочење на неговиот советник за безбедност, Зоран Верушевски. Верушевски, како што објаснуваше Заев, го информирал дека партијата располага со документи и материјали во пишана и во аудио форма. Дека материјалите…
Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, уште на самиот старт на денешното продолжение на рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина“, се откажа од испрашување на поранешниот разузнавач Зоран Верушевски. Обвинителката Ленче Ристоска побара од судот дополнителни прашања за Верушевски, за да се појасни какви документи добил во 2010 година, но одбраната одбиваше со изговор дека таквите би требало да следат по нивно евентуално врстено испрашување. Судот дозволи обвинителството да постави дополнителни прашања,…
Едниот е почесен конзул на Србија во земјава, другиот чека одобрение да стане на Бугарија. Првиот царува во градежниот бизнис, вториот е кралот на офшорите. И двајцата беа функционери на СДСМ, а потоа миленици на Никола Груевски. И двајцата беа осомничени во финансиски афери, но никогаш не поминаа ни ден во затвор. И сега се повторно заедно како дел од најголемата политичка афера „Рекет“. Но, од контроверзни ликови двоецот Силјан…
Според премиерот на државата и лидер на политичката партија СДСМ, Зоран Заев, наскоро кога поранешниот разузнавач, Зоран Верушевски, повторно ќе сведочи во предметот „Таргет-Тврдина“, ќе разрешел многу дилеми, откако неодамна се дистанцираше од „бомбите“ кои ги објавуваше Заев и со своите зборови фрли сомнеж врз нивната автентичност. Верушевски рече дека материјалите од прислушуваните разговори биле модифицирани и манипулирани. Одговарајќи на прашање во инервју за „Гласот на Америка“, премиерот тврди дека…