Press "Enter" to skip to content

Јанева: Чиста сум и немам никаква вмешаност во случајот „Рекет“

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева тврди дека е чиста и дека нема никаква вмешаност во случајот „Рекет“ кој минатата недела го отвори Обвинителството за организиран криминал и корупција. „Го разбирам, почитувам и оправдувам интересот на јавноста за случајот ‘Рекет’. Носител сум на јавна функција за која мора да има целосна транспарентност. Се извинувам што свесно оставив подолг период да не излегувам во јавноста иако не ми беше лесно да го…

По четири години на чело на СЈО Катица Јанева нема никаква промена во имотната состојба

Речиси четири години колку што е на чело на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева нема пријавено никаква промена во имотната состојба. Гевгелиската обвинителка која во 2015 година се пресели во Скопје, а сега е дел од милионската афера „Рекет“, нема ни заштеда, ниту пак се подновила со нешто. Единствената промена во имотната состојба која ја пријавила во Антикорупциската комисија била минатиот месец. На 13 јуни Јанева доставила информација дека има промена…

Уапсен шоуменот Бојан Јовановски

Неформалниот сопственик и шоумен Бојан Јовановски, во јавноста познат како Боки 13, е уапсен на граничниот премин Богородица и е задржан во полициска станица поради случај кој го води обвинителството за гонење на организиран криминал, потврдија од ова обвинителство за ИРЛ. Според неофицијалните информации, Јовановски е уапсен на граничен премин при влез во земјава, а со него во полиција е задржан и бизнисменот Зоран Милевски познат под прекарот Кичеец. Од…

Агенцијата за медиуми ќе поведе нова постапка против „1ТВ“

Нова постапка против „1ТВ“ ќе поведе Агенцијата за медиуми бидејќи Јасминка Јовановска, новоизбраниот член во Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации е сопруга на еден од сопствениците на „1ТВ“, потврди директорот на агенцијата Зоран Трајчевски за ИРЛ откако објави агенцијата Макфакс. Постапката ќе биде отворена во петок, на наредната седница на Советот на Агенцијата. Според членот 38 од Законот за аудио и аудиовизуелните медиуми, „политички партии,…