Едниот е почесен конзул на Србија во земјава, другиот чека одобрение да стане на Бугарија. Првиот царува во градежниот бизнис, вториот е кралот на офшорите. И двајцата беа функционери на СДСМ, а потоа миленици на Никола Груевски. И двајцата беа осомничени во финансиски афери, но никогаш не поминаа ни ден во затвор. И сега се повторно заедно како дел од најголемата политичка афера „Рекет“. Но, од контроверзни ликови двоецот Силјан…
Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева која е осомничена во т.н случај „Рекет“ денеска беше спроведена од истражниот затвор Шутка во Обвинителството за гонење на организиран криминал и е известена дека истрагата за слуачјот е завршена. Нејзината адвокатка Ирена Фрчковска рече дека Јанева ќе даде исказ откако ќе ги види доказите против неа. „Во четврток ќе има увид во доказите, а потоа ќе даде и исказ“, рече адвокатката Ирена Фрчковска. Вториот…
Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, е осомничена за злоупотреба на службената положба во случајот „Рекет“. Обвинителството за гонење на организиран криминал бара да и се одреди притвор. Јавниот обвинител Љубомир Јовески соопшти дека од досега обезбедените докази се потврдува дека Јанева, искористувајќи ја својата положба во СЈО, влијаела осомничениот Јордан Камчев во случајот „Империја“ да добие олеснителни околности за време на истрагата, а за возврат тој исплатил 1,5 милиони евра.…
20.8.2019 година Со службено возило и возач, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева дојде во Обвинителството за гонење организиран криминал за да даде исказ за случајот „Рекет“. Повикана е во својство на сведок, но пред обвинителката Вилма Русковска, Јанева ќе зборува во присуство на адвокатот Стеван Павлески. -Се надевам дека со моите аргументи и изјавата денеска, ќе ја забрзам истрагата, рече Јанева пред да влезе во зградата на Обвинителството. Таа ќе…