Помогнете му на вашиот омилен антагонист да ја добие наградата „Златна касичка“ Тимот на ИРЛ го создаде проектот „Редакција“, а за наша среќа, на граѓаните им се допадна она што го правевме. Токму вашата поддршка и доверба помогна овие важни откритија да допрат до мнозинството и да ги притиснат институциите да реагираат. Нѐ чекаат уште многу заеднички битки за вистината, а за крајот на годинава смисливме еден поинаков начин тој…
Управата за финансиска полиција ги анализира податоците кои Истражувачката репортерска лабараторија ги обелодени, во меѓународниот проект „Швајцарски тајни“, каде македонски транзициски бизнисмени чувале пари во „Кредит Свис“. По објавата која беше меѓународна и опфати илјадници банкарски сметки на политичари, бизнисмени, воени профитери, македонските финансиски институции ќе проверуват дали Минчо Јорданов, Благој Механџиски и шведскиот бизнисмен Ларс Клинг, парите од швајцарските сметки потоа ги вратиле во земјва во форма на инвестиции…
Во разговор со ИРЛ, шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска рече дека случајот кој предизвика глобални реакции ќе биде истражуван и во Македонија. Обвинителството отвара предистражна постапка а паралелно собираат расположливи информации од она што веќе е јавно објавено од страна на Истражувачката репортерска лабараторија. Три дена по објавата на документарниот филм „Швајцарски тајни“ којшто се објави на ИРЛ и МРТ1, Јавното обвинителство за гонење на…
„Швајцарски тајни“ е меѓународна истрага за една од најбогатите и најважните банки во светот. Повеќе од 163 новинари од 48 медиуми во 39 земји ширум светот со месеци ги анализираа информациите за банкарските сметки протечени од „Кредит Свис“, вториот по големина кредитор во Швајцарија. Протекувањето опфати повеќе од 18 000 сметки на кои се чуваат преку 100 милијарди американски долари. Тоа за новинарите е единственото познато истекување податоци за клиенти на…