Press "Enter" to skip to content

Аферата „Адитив“ што ја откри ИРЛ ѝ пресуди и на претседателката на Антикорупциска

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, поднесе оставка од функцијата и ја депонира до Собранието. Изнуденото повлекување следува откако Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција пред една недела поднесе обвинение против неа во рамки на предметот „Адитив“ кое се однесува на две кривични дела – оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат.  Известува: Маја Јовановска Димитровска е обвинета дека ја искористила позицијата и…

Претседателката на ДКСК шпион на криминалната група за случајот „Адитив“

Истрагата за набавката на скапиот адитив за РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј откри неочекуван детал – дел од криминалната мрежа била и актуелната претседателка на Државната комисија за спречување корупција Татјана Димитровска. Комуницирала со обвинетиот Небојша Стојановиќ. Го брифирала какви постапки против него се воделе во комисијата откако ИРЛ во јуни лани откри како ЕСМ купила адитив од фирма без искуство во хемискиот бизнис неколкупати поскапо од пазарната вредност. Известуваат:…

Антикорупциската комисија отвори предмет за дивата населба во Трница Маврово

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе истражува како никнала цела дива луксузна населба на државно земјиште на територијата на Националниот парк Маврово до популарниот туристичко-угостителски комплекс „Кораб Трница“ каде што во дубиозни постапки помошник министер за внатрешни работи, роднини на пратеничка и други лица од Скопје и Гостивар изградиле и легализирале вили, а се сечела скапоцена шума и се пробивале патишта за нови лукзусни комплекси за кои што…

Антикорупциска бара да не се исплати помошта на Еуроникел ДООЕЛ

Државната комисија за спречување на корупција смета дека владата треба да го раскине договорот за финансиска помош на Еуроникел ДООЕЛ кој е сопственик на кавадаречки Фени. Бараат и работaта  на оваа компанија да почне да биде надгледувана од Управата за финансиско разузнавање поради ризик за потекло на парите. Од Антикорупциска се сомневаат дека одредени функционери ја искористиле моќта за да овозможат Еуроникел ДООЕЛ да ја добие државната помош, иако првично…