Press "Enter" to skip to content

Анкета на ИРЛ : Дали брзо и ефикасно ги променивте вашите лични документи?

Неможноста навремено и ефикасно да се обезбедат сервиси за граѓаните кои се гарантирани со средствата што граѓаните по основи на даноци и такси ги уплаќаат во буџетот е еден од разорните ефекти на системската корупција. Проблемот може да се илустрира преку актуелните проблеми со вадење на лични документи.  Граѓаните веќе неколку месеци поминуваат низ долги и исцрпувачки процедури за задолжителната промена на личните документи. Владата дури и драматично ги поскапе…

АНКЕТА: Колку сте задоволни од фирмите за одржување на станбени објекти?

ИРЛ работи на ново истражување за незадоволството на граѓаните од фирмите за одржување на станбени објекти. Истражувањето го почнавме од пријава на граѓанин и поради тоа сакаме да го слушнеме вашето мислење и да откриеме со какви проблеми се соочувате. Времето на одговарање на анкетата е околу две минути. Вашите одговори ќе ни помогнат да ја откриеме целата слика и да дојдеме до сржта на проблемот. 

АНКЕТА ЗА ГРАЃАНИ: Финансирање на медиуми

Повторно ни е потребна вашата помош и вашето мислење на тема која за нас е многу важна. За ИРЛ следува период на промени и иновации и се разбира вие ќе бидете вклучени во секој чекор од нашата работа, па затоа ве замолуваме да одвоите неколку минути за да одговорите на нашата анкета и да ни помогнете да ги најдеме најдобрите решенија за функционирањето на нашата организација.

Анкета: Корупцијата и неспособноста на власта и опозицијата се виновни за кризата

Во Македонија 30 години системски се разградува енергетскиот сектор. Од земја во која во времето на социјализмот се градеа енергетски објекти, транзициските политичари ја претворија Македонија во држава во која енергетската независност и развојот на овој сектор е само на хартија и тоа во изборните програми на партиите. После секои избори, развојот на енергетскиот сектор се сведуваше на тоа политичари или блиски роднини и пријатели на политичари да увезуваат електрична…