Албанското Специјално обвинителство за борба против корупцијата и организираниот криминал (СПАК) заплени вила во луксузен туристички комплекс на Јонското море која ѝ припаѓа на разрешената албанска вицепремиерка и министерка за инфраструктура Белинда Балуку. Според истрагата, таа фаворизирала фирма зад која стои почесниот конзул на Македонија во Гњилане (Косово), Валон Адеми, за изградба на обиколницата околу Тирана. За возврат фирмата ѝ изградила куќа со поглед кон морето. Во МНР во Скопје…
Меѓународното истражување на ИРЛ и партнерите за првпат ги спојува точките во една матна балканско-американска мрежа, откривајќи како изградбата на новиот, стратешки важен аеродром во Валона се преплетува со контроверзни политички фигури и моќни светски милијарди. Додека на терен проектот го реализираат еден балкански олигарх и македонски почесен конзул со полициско досие, зад кулисите преку сложен финансиски триаголник во Малта и Луксембург, се крие кредитна линија од 100 милиони евра.…
Доколку живеете во некоја од десетте скопски општини, Ве молиме одговорете го овој прашалник и помогнете нѝ да ја почнеме борбата против корумпираните со цел да ги заштитиме животите, егзистенцијата и здравјето на сите граѓани, не само на привилегираните. Сама по себе, урбанизацијата не е лош процес. Но, кога животите и здравјето на граѓаните и нивното секојдневно функционирање се нарушени, а мала група на моќни поединци профитира од градежните активности…
Новинар: Драгана Пеќо КРИК (www.krik.rs) Српскиот бизнисменот со криминални врски Станко Суботиќ ќе заработи најмалку 28 милиони евра од концесија на аеродромот во Белград, открива порталот КРИК од Србија. Иако владата на Србија го крие договорот за концесија, новинарите на КРИК дојдоа до документи кои покажуваат дека значаен дел од парите за инвестирање ќе бидат потрошени за купување на земјиште за проширување на аеродромот, а сопственикот на најголем дел од…

















