Снимателот и монтажер Тони Николовски, сопруг на поранешната советничка на премиерот Зоран Заев, Ленче Николовска, стана посебен советник за односи со јавност на министерот за земјоделие и шумарство. Телевизиската водителката Зорица Андреева и’ стана советник за евроинтеграции на министерката за труд и социјала Јагода Шахпаска. И двајцата не се експерти во својата област. Но, ним и речиси целиот список на посебни советници во Владата ги врзува една работа – лојалноста…
И министерот Манчевски го потврди покачувањето на платата за 5% на вработените во јавна администрација кои седат дома. Дополнително, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски при гостувањето во емисија на ТВ21, рече дека бројот на вакви вработени се намалувал. „Тие се многу малку, трансферите се одвиваат, нормално ако се вработени во јавна администрација покачувањето важи за сите. Проблемот со овие луѓе е се помал, бројот секојдневно се намалува,…
Министерот за локална самоуправа Горан Милевски вели дека на општините им е неопходно целосно реорганизирање. Тој рече дека ќе се залага на следните локални избори да има отворени листи за избор на советници и смета дека на тој начин нема да се трупаат административци и ќе се зајакне контролата врз одговорните лица. „Градоначалниците да влезат со тимови, кои ќе имаат мандат додека трае мандатот на градоначалникот. Вака секој градоначалник…
Партиските функционери на СДСМ не чувствуваат одговорност за наодите на Антикорупциска комисија која откри дека во дел од вработувањата на блиски луѓе на функционерите на власта, било извршено влијание. ИРЛ ги праша генералниот секретар на партијата, Александар Кирацовски и портпаролот Костадин Костадинов дали чувствуваат одговорност. Двајцата велат дека не чувствуваат никаква одговорснот. Аферата „непотизам“ за партиските вработувања на роднини на пратеници и функционери на власта денеска доби разрешница на седницата…