Press "Enter" to skip to content

Споделете го вашето искуство со БИРН: Безбедност на децата и младите на TikTok

 

Балканската истражувачка репортерска мрежа, која е дел од семејството пријатели на ИРЛ, спроведува истражување за влијанието на социјалните мрежи врз децата и тинејџерите. Би сакале да ги слушнат родителите и наставниците подготвени да го споделат своето искуство со БИРН Македонија за да им помогнат во претстојната истрага за безбедноста на децата и младите тинејџери што користат TikTok. Скролувајте надолу за повеќе информации за тоа како да учествувате.Еве што им треба на БИРН:

Клучните работи што сакаме да ги знаеме:

  • Какви чекори преземаат родителите за да ги заштитат своите деца и млади тинејџери на платформата?
  • Дали имало случаи во кои децата и младите тинејџери биле цел на малтретирање, кражба на идентитет, проблеми со приватноста итн.?
  • Дали/како потенцијалната опасност во дигиталната средина влијае на физичката безбедност на нивните деца?
  • Што знаат наставниците за мрежата и како ги воспитуваат децата за тоа?

Нема да објавуваме документи или имиња без претходна согласност и не планираме да користиме конкретни примери, туку ќе покажеме поопшти, системски проблеми. Вашите одговори се безбедни и шифрирани.

Вашите сведоштва ќе се користат за да ни помогнат во тековната истрага.

Како да учествувате?

За да го споделите вашето искуство, се што треба да направите е да го пополните овој формулар.