Драги сограѓани, потребна ни е вашата помош за да ги разбереме и истражиме вистинските ефекти од енергетската криза врз животот и животниот стандард на луѓето. Во потрага по одговорност, подготвивме кус прашалник кој ќе ни помогне да ги идентификуваме вашите најголеми стравови и проблеми за престојната зима. Вашите одговори ќе ни помогнат да ги поставиме вистинските прашања и да направиме стории и истражувања кои ќе дадат точна слика за проблемите…
ИРЛ
Истражувањето на ИРЛ за начинот на лекување на ковид пациентите е тема од јавен интерес и новинарите не смеат да бидат замолчени да известуваат. Ова е одлуката на Граѓанскиот суд Скопје кој го одби барањето на доктор Жан Митрев за остранување на документарниот филм „Нечиста крв“ и забрана за натамошно известување на новинарите на ИРЛ се додека неговата тужба за клевета и навреда не добие судска разрешница. Барањето е одбиено…
Докторот Митрев побара од судот да изрече привремена мерка за забрана за објавување на содржини поврзани со документарниот филм „Нечиста крв”, а дополнително бара филмот и другите поврзани продукти да бидат избришани од интернет просторот. Уреднички тим на ИРЛ Клиниката Жан Митрев и докторот Жан Митрев поднесоа тужба за клевета и навреда кон редакцијата на ИРЛ и новинарите автори на истражувањето „Нечиста крв” придружена со предлог за издавање на времена…
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе истражува како никнала цела дива луксузна населба на државно земјиште на територијата на Националниот парк Маврово до популарниот туристичко-угостителски комплекс „Кораб Трница“ каде што во дубиозни постапки помошник министер за внатрешни работи, роднини на пратеничка и други лица од Скопје и Гостивар изградиле и легализирале вили, а се сечела скапоцена шума и се пробивале патишта за нови лукзусни комплекси за кои што…

















