Општината Охрид денеска почна да ја урива бетонската база во сопственост на фирма на охридскиот бизнисмен Нефи Усеини, јави дописничката мрежа на дигиталната редакција “Сакам да Кажам”. Базата се наоѓа на патот кој води кон Струга покрај периферната охридска населба Далјан и истата почна да се гради на самиот езерски брег, на само десетина метри од водата. Минатиот јуни порталот А1он објави дека советник во охридската општина и контроверзен бизнисмен…
Важи за домашен олигарх. Има репутација на безмилосен и одмаздољубив човек којшто не трпи критика и спротиствавувања. Има бизниси кои му носат стотици милиони веќе три децении – најповеќе во државно спонзорирани зделки. Ако тргнете да ја истражувате империјата која што ја создаде Љубисав Иванов Sинго, тогаш почнете од Сител телевизија. Ова е неговиот најважен ресурс и секое делче од империјата гравитира околу телевизијата. Телевизијата е и причината поради која…

Брзите тестови “Биозек” предмет на реакции и истраги во странство, во Македонија слободни на пазарот
Брзите имунолошки тестови се користат вообичаено за скрининг на населението со цел да се утврди кој стекнал имунитет. Скрининг најавува и министерот Венко Филипче, но со поинакви тестови. Во меѓувреме, македонските власти молчат за скандалот со несигурните и лажно декларирани тестови и ги оставаат во слободна продажба. Истите се уште можат да се направат во болницата “Аџибадем Систина”. Компанијата “Инзек” од Холандија којашто препакувала и брендирала евтини кинески тестови и…
По повод вчерашниот текст објавен на страницата на ИРЛ, болницата „Аџибадем Систина” испрати реакција во којашто бара да се извиниме и да ја објавиме реакцијата во целост, во спротивно ќе не тужи. Тие тврдат дека ги наоѓаат за неточни фактите изнесени во текстот, без притоа да ги посочат кои се неточните наоди. Во реакцијата на приватната болница, помеѓу другото, се вели следново: „Можеме да заклучиме дека исклучително добро располагате со…