Пред тринаесет години на кејот на Вардар во близина на скопското Кале требаше да почнат да се градат хотелски комплекси и деловни објекти. Локациите се продадени, но и до ден денес инвеститорите не почнаа со градба. Од 2007 за три парцели се води судски спор. Шест години државата ги тужеше сопствениците, а од 2015 се сменија улогите во судскиот процес и сега газдите на парцелите ја тужат државата. Ова не…
Миле Зечевиќ, функционер на СДСМ и советник на премиерот Зоран Заев, и официјално стана дел од раководството на Стопанска банка – Битола. Тој на денешното Собрание на акционери е избран за независен член во Надзорниот одбор на банката како предлог на „Пелистерка“. Зечевиќ за овој ангажман ќе добива по 50.000 денари. Заедно со Зечевиќ се избрани и Дејан Панделески, Иванчо Велјановски, Александра Радевска, Илија Тозија и Игор Камбовски. Миле Зечевиќ…
Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција отвори предистражна постапка за МЕПСО врз основа на ревизорскиот извештај за финансиското работење на оваа компанија. Се истражува работењето на поранешното раководство додека директор беше Синиша Спасов, кадар на ВМРО-ДПМНЕ од 2012 до 2016 година. Истрага води и Управата за финансиска полиција за барокната фасада и реконструкцијата на дирекцијата на МЕПСО која достигна цена од 11 милиони евра, а се уште не…
Кога пред една година Државниот завод за ревизија го објави извештајот за финансиското работење на МЕПСО, во јавноста беше обелоденето како се трошеле милиони евра државни пари. Медиумите јавуваа дека постојат сериозни индиции за незаконско работење, злоупотреба на службената положба на раководните лица, сомнителни тендери и корупција. Државниот завод за ревизија извештајот го достави до Јавното обвинителство, а откако Владата го разгледа на седница и таа побара обвинителството да ги…

















