Советот на јавните обвинители ја одби претставката на Наташа Димитриевска која во сообраќајната незгода во близина на „Млечниот ресторан“ во Скопје го загуби својот сопруг и тримесечниот плод. По судската пресуда со која на виновникот Васил Чорбачиев му беше изречена само две годишна условна казна, Димитриевска поднесе претставка за работата на обвинителката Снежана Бундалевска Ѓорѓиевска која е одбиена. Нејзината единствена надеж е одлуката која што ќе ја донесе Апелациониот суд…
Македонските деца никогаш не учеле од истите учебници како нивните врсници во Велика Британија. Големата образовна реформа наречена Кембриџ програма претходно била спроведена единствено во Гана и некои села во Индија. Меѓународниот испитен центар „Кембриџ“ за ИРЛ потврди дека ниту еднаш не учествувал во развојот на учебниците во Македонија. Владата на ВМРО ДПМНЕ даде монополски статус за печатење на учебниците “по Кембриџ”, а владата на СДСМ ја продолжила програмата за…
Спорната изградба на четири згради во Пржино вчера беше причина за уривање на потпорен ѕид. Градбата моментално е стопирана, но ќе продолжи веднаш штом инвеститорите го санираат ѕидот и го обезбедат објектот. Жителите на околните куќи се жалат дека неколку пати испратиле писма до општината, со предупредување дека потпорниот ѕид може да падне и куќите од горната уличка да се слизнат надоле, но досега не добиле никаков одговор од општинарите.…
Вечерва во Пржино се судрија гневните и разочарани жители од слепата уличка каде што започна градбата на станбен комплекс. Инвеститорот со кола ги гази реквизитите на жителите за утрешниот протест против неговиот објект. Во моментов во Пржино има полиција. Жителите од малата слепа уличка чија што борба за достоинствен урбан живот трае со години, на почетокот на оваа недела започнаа протести кога се појави првиот багер. “Некој му јавил за…

















