Press "Enter" to skip to content

Како се мести оглас за државна работа

Шура, девер, братаница, баџанак, шурнајка, свеска. Долг е списокот на стеблото на македонските семејства, но моравме да го научиме за да утврдиме до кое колено се „изврзани“ роднините кои  се чинат најподобни за работа во државната администрација. ИРЛ ги истражуваше законските дупки и итроштините на функционерите кои ќе сторат се нивните пулени да ги добијат позициите.  Колку што е повисоко на семејното стебло, роднина од прво колено, толку и работното…

Разузданиот прв административец: Историја на (не)одговорноста

Се извинува „до небо“, но оставка не поднесува, вака Драги Рашковски денеска на долга прес конференција се бранеше откако во јавноста протече аудио снимка за која што се тврди дека докажува како Драги Рашковски е вклучен во нелегегални активностии врзани за тендер на италијанската фирма „Леонардо“ за опрема за модернизација на М-НАВ. Најави тужби за новинари и опозицијата, а на прес конференцијата жестоко се бранеше и расправаше со присутните новинари.…

(ВИДЕО) Мерко ќе го убедува амбасадорот Тимоние дека во Струга нема ниедна дивоградба

Дивоградби немало, ред имало. Не знаел зошто се кревала толкава фама за изгорената трска кога таа била многу висока и растела повеќе поради фекалии во езерото. За критиките на францускиот амбасадор, струшкиот градоначалник Рамиз Мерко вели дека тој е погрешно информиран од новинарите и невладините организации.  Францускиот амбасадор во земјава, Кристијан Тимоние, за време на конференција за реформи во јавната администрација минатата недела во Скопје даде обесхрабрувачка изјава за евроатлантските…

Заев по дописот од Антикорупциска: Министер за финансии ќе бидам додека не се избере некој друг

Премиерот Зоран Заев на денешната седница на Собранието го повлече предлогот тој самиот да биде и министер за финансии и рече дека со овој ресор ќе раководи додека не биде избран нов министер. „Сакам да се заблагодарам на сите министри кои дадоа оставка и им посакувам успех на личен и професионален план. Функцијата претсетадел на Влада и министер е неспоива, но Уставот дозволува премиерот да биде и министер. Јас ќе…