Наместо да ги расветли, Рашковски дополнително ги подгреа шпекулациите за нетранспарентност во постапката во тендерот за приватизација на хеликоптерските услуги за итна помош и спасување. Трагите до добитникот на тендерот нѐ водат до еден анонимен Швеѓанец со балканско потекло и тазе формирани компании во Македонија и Шведска. Прво „ремек дело“ на Владата, вака генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски го опиша јавното приватно партнерство откако заврши изборот за најдобар понудувач…
ИРЛ открива што засега знаеме за тендерот за приватизација на хеликоптерските услуги за итна помош и спасување. Но, она што е важно за јавниот интерес е она што не го знаеме, а Владата се уште не го кажува. Која е скандинавската компанија која што аплицирала на тендерот заедно со домашната Сархмес, како и кои се другите фирми кои побарале тендерска документација, но не аплицирале. Тендерот се спроведуваше под будното око…
Директорот на депонијата Дрисла, Горан Ангелов на вечерашната дебата организирана од Младинскиот образовен форум во рамки на кампањата „Не игнорирај! Реагирај!“ на која се дискутираше за загадувањето, тврдеше дека воздухот околу Дрисла е почист од оној во Аеродром и дека депонијата воопшто не го загадува воздухот во Скопје. “Јас живеам во Аеродром и кога одам во Дрисла на работа, таму воздухот е многу поздрав и почист. Тоа го тврдам затоа…
Денеска објавеното 550.печатено издание на „Независен весник“ е веројатно последниот број на дневниот весник кој започна со работа во ноември 2017 година. Последните два месеци, вработените секојдневно биле алармирани дека секој нареден број може да биде последен. Управителот Никос Фрагопулос, во краток разговор со ИРЛ, рече дека се уште со сигурност не може да ја потврди информацијата, но наведе дека иднината на дневниот весник е неизвесна и прават напори да…
















