„Скорениот буџет за 2020 е популистички со единствена цел купување на гласови од граѓаните. Тоа не е буџет за развој на економијата“. Вака поранешниот министер за финансии, Трајко Славески го коментира буџетот за следната година. Според него, власта не планира да вложува во изградба на нови патишта, училишта и други инфраструктурни објекти. „Средствата што не се вложуваат во инфраструктура, во изградба на нови училишта, изградба и адаптација на болници пулистички…
Премиерот Зоран Заев на денешната трибина на СДСМ „На прав пат“ што се одржа во Велес, освен пофалби за сработеното на Владата, упати и критики до правосудсниот систем. Тој пред велешани вети дека ќе има целосен ветинг на судиите и обвинителите, со цел да се расчисти со корумпираните во нивните редови. Рече дека многу малку случаи кои ги отвори Специјалното јавно обвинителство имаат судска разрешница. А, особено го нагласи предметот…
Како и во изминативе неколку години, така и годинава како репер за бизнис климата во земјава се зема извештајот „Дуинг Бизнис“ на Светската банка. Во извештајот за годинава, земјава се најде на 23 место на листата од над 180 земји, што за македонските политичири секогаш ќе се преведува како потврда за владините реформи, а за Македонија во нивните говори со години се зборува како за лидер за водење бизнис во…
Според министерката, Рената Десковска гласот на судството се слуша само кога станува збор за распределбата на парите и вели, луѓето од судската власта имаат најмалку кредибилитет да зборуваат кога довербата во нив е на најниско ниво. Нејзината реакција следи по протестот на судската администрација за додатоците на плата. Навистина е непријатно, рече министерката, кога во рамки на судството се јавуваат конфликти, внатре меѓу различни групи за начинот на поделба на…

















