Разочарана што сѐ уште се соочуваме со предрасуди, особено кога станува збор за деца, напиша денеска на својот фејсбук профил министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, за протестот на жителите во Визбегово. „Во однос на протестот на дел од жителите во Визбегово, навистина сум разочарана што сѐ уште се соочуваме со предрасуди, особено кога станува збор за деца. Трите деца сместени во малиот групен дом во Визбегово за…
Претседателот Стево Пендаровски на Форумот на млади лидери во Нови Сад изрази разбирање за младите кои се иселуваат од државата и истакна дека политичарите имаат одговорност да го трансформираат општеството, со цел да се задржат младите луѓе. „Многу е важно ние како одговорни политичари кои сме овој период на власт, да им понудиме прва шанса на младите да успеат овде во регионот, која досега ја немаа. Не можеме да ги…
Поранешниот премиер Владо Бучковски денеска во завршните зборови на судењето за „Тенковски делови“ кажа дека му била украдена победата, бидејќи тој и другите обвинети покажале дека нема дело, а обвинителството се повлече поради застарување на делото и на тој начин не им дозволи да докажат дека не се виновни. Сепак, рече тој, во нерамноправна борба ги победиле креаторите на случајот, поранешниот министер за правда Михајло Маневски и неговата сопруга Филимена,…
Стратегијата за одбрана ќе биде дополнета со посебен дел за мерки и активности за еколошка безбедност, а првпат во историјата на дневен ред на Советот за безбедност ќе биде заштитата на животната средина, изјави претседателот Стево Пендаровски на конференцијата „Климатска акција: Да се спречува и да се лекува“. „Иако беше во завршна фаза, пред да ја потпишам ја вратив во процедура Стратегијата за одбрана за да ја дополниме со посебен…

















