ИРЛ испитуваше кој се крие зад анонимните фондови кои во јавноста се претставуваат како холандско – американски инвеститори. Контроверзниот проект од пред две децении, реализиран со пари на граѓаните сега се продава. Докторот Жан Митрев отуѓува мнозински удел од болницата, но ќе остане менаџер и ко – сопственик. Стратешки партнер во улога на купувач е навидум холандски фонд – „Балкан Алианс Хелткер“. Фондот во март го купил бизнисмен од Албанија,…
Стратешки тужби, стратешки напади смислени во пи ар кујни, култура на страв се само дел од предизвиците со кои се соочуваат професионалните медиуми во земјава. Бизнисот и политиката ја препознаа кревкоста на медиумите и лошата финансиска положба на новинарите и заканите за тужба станаа клучни во обидот да се стопира одредено истражување. Гости во поткастот „Разговор во Редакција“ се извршниот директор на Здружението на новинари, Драган Секуловски и новинарот во…
Поради адиминистративен пропуст на МАЛМЕД, Жан Митрев нема да одговара прекршочно за непријавено клиничко испитување. Во меѓувреме, кризниот пиар на клиниката води агресивна стратешка кампања да ја збуни јавноста и да лаже дека Кривичниот суд го ослободил од вина и пресудил дека работел чесно за време на пандемијата. ИРЛ открива дека ваквите тврдења се креираат во маркетинг служби и се дистрибуираат преку мрежа на медиумите каде што клиниката е клиент. …
Советот на Апелациониот суд Скопје составен од судиите Гордана Ѓорчева, претседател на советот, Суад Алиу и Влатко Самарџиски, членови на советот, донесе срамна одлука на штета на слободното новинарство против колегите од Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), ваква е реакцијата на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија (ССНМ) по одлуката на повисокиот суд да го врати предметот против ИРЛ и одговорниот…

















