Се извинува „до небо“, но оставка не поднесува, вака Драги Рашковски денеска на долга прес конференција се бранеше откако во јавноста протече аудио снимка за која што се тврди дека докажува како Драги Рашковски е вклучен во нелегегални активностии врзани за тендер на италијанската фирма „Леонардо“ за опрема за модернизација на М-НАВ. Најави тужби за новинари и опозицијата, а на прес конференцијата жестоко се бранеше и расправаше со присутните новинари.…
Дивоградби немало, ред имало. Не знаел зошто се кревала толкава фама за изгорената трска кога таа била многу висока и растела повеќе поради фекалии во езерото. За критиките на францускиот амбасадор, струшкиот градоначалник Рамиз Мерко вели дека тој е погрешно информиран од новинарите и невладините организации. Францускиот амбасадор во земјава, Кристијан Тимоние, за време на конференција за реформи во јавната администрација минатата недела во Скопје даде обесхрабрувачка изјава за евроатлантските…
Премиерот Зоран Заев на денешната седница на Собранието го повлече предлогот тој самиот да биде и министер за финансии и рече дека со овој ресор ќе раководи додека не биде избран нов министер. „Сакам да се заблагодарам на сите министри кои дадоа оставка и им посакувам успех на личен и професионален план. Функцијата претсетадел на Влада и министер е неспоива, но Уставот дозволува премиерот да биде и министер. Јас ќе…
Кабинетот на министерот без ресор задолжен за транспарентност, отчетност и комуникации, Роберт Поповски, испрати реакција до Истражувачката репортерска лабораторија во којашто ги обвини репортерите на ИРЛ дека излажале во текстот којшто беше објавен денеска попладне. Иако не го употреби зборот „лага“ тој во дописот испратен до сите редакции обвини дека известувањето на ИРЛ било неточно. Во сторијата ИРЛ го пренесе сведоштвото на својот новинар Давид Илиески во којшто тој пренесе…

















