„Американскиот претседател ја предаде нашата земја, ова не е политичка изјава, таа е сурова реалност и ние мора да дејствуваме. Тоа е јасна закана по вредностите што не прават силни и слободни“, напиша на „Твитер“ Хилари Клинтон, поранешната државна секретарка на САД, Таа вели дека го поддржува предлогот за импичмент на Трамп. Претставничкиот дом на САД вчера покрена формална истрага за тоа дали треба да се отповика претседателот Доналд Трамп…
Општинскиот советник во Охрид и сопственик на неколку дивоградби од редовите на ДУИ, Нефи Усеини, го откажа протестот планиран за денеска пред општината. Од СВР Охрид потврдуваат дека протест бил закажан, без да посочат кој стои зад организацијата и добиле известување дека истиот нема да се одржи. На 22.септември, преку Фејсбук, Усеини најави протест поради начинот на кој се одвивала акцијата за уривање на дивоградбите и беше изнесено мислење дека…
Стопанска комора на Македонија денеска одржа панел дискусија посветена на прашањата за недостигот од стручен кадар, причините за оваа појава, како и предлог-решенијата кои би можеле да помогнат за подобрување на состојбите во оваа област. Главните фактори кои влијаат на неусогласеноста на понудата и побарувачката се тромавото образование кое е нефлексибилно кон потребите на бизнисот, неправилна уписна политика во средните училишта и факултетите, недостиг на практиканство и обуки, но и…
Новинар од порталот „Инфомакс“, кој на 23 август објави записник од исказите во т.н случај „Рекет“, ќе одговара за кривично дело „оддавање на службена тајна“ од Кривичниот законик по предлог на Обвинителството. Според ОЈО, тој делувал спротивно на член 360 став 1 од Кривичниот законик. „Обвинетиот на 23 август, преку интернет порталот www.infomax.mk на јавноста им ги сторил достапни податоците што претставуваат службена тајна. Имено, тој ја објавил првата страница од…

















