Press "Enter" to skip to content

Демант од Град Скопје

По објавената сторија од страна на ИРЛ „Замрзнати ветувања за спас од загадениот воздух: Од 39 мерки, остварена само 1 во мандатот на Шилегов“, Град Скопје се огласи со демант. Демантот го пренесуваме интегрално, но го задржуваме правото на одговор.

ДЕМАНТ

Град Скопје реагира на дел од информациите објавени на Вашиот интернет портал, во натписот „Замрзнати ветувања за спас од загадениот воздух: Од 39 мерки, остварена само една во мандатот на Шилегов“ на авторот Деница Чадиковска. Загадувањето е сериозен проблем и неговото надминување е долг и мачен процес кој не се решава брзо. Градот Скопје работи на решавање на проблемот со загадувањето со повеќе стратегии и долгорочни планови на кои сме сериозно посветени. Сакаме да ја информираме јавноста дека Град Скопје подолг период не е контактиран од ниедна од наведените организации во текстот и дека последната официјална комуникација на оваа тема ни е од декември 2018 година. Оттаму, реагираме на паушалните и невистинити тврдења дека е исполнета само една мерка од 38 и сметаме дека е крајно несериозно да се пласираат во јавноста информации кои се базираат на комуникација и податоци кои се стари повеќе од 10 месеци. Градот Скопје е отворен за соработка со сите лица и организации кои се подготвени да дадат свој придонес во борбата против загадувањето. Нашата работа и активности се отворени за јавноста и стоиме на располагање и од тие причини сме зачудени од обвинувањата кои се упатени на наша адреса.

Со почит,
Град Скопје

На следниот линк, одговорот на ИРЛ

ИРЛ го демантира демантот на Град Скопје