Од 2007 до 2015 година во македонското Собрание се направија 104 измени на клучните закони за градење. Преку државно спонзорираните проекти во градежниот сектор за само една деценија, градот радикално се трансформираше. Секој нов урбанистички план овозможуваше неконтролирано градење од една мала моќна група со пари и пријатели во политиката. Промените не беа во функција на подобрување на животот на граѓаните. Политичарите кои одлучуваат на ова секогаш имаат еден одговор:…
„Потребни се темелни реформи во македонското судство“, „Договор нема, разликите за судските реформи останаа“, „Судски реформи без резултати“, ова се дел од насловите кои во последните 20 години осамнуваат во македонските медиуми. Во изминатите две децении евидентно е дека политичките гарнитури ги менуваат само позициите, но реториката останува иста. Кога се во опозиција критикуваат за корумпирано правосудство, криминална власт и заробени институции. Кога се на власт најавуваат одлучна борба против…
Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески за ИРЛ изјави дека обвинителството не постапува селективно кон ниту едно лице за кое има индиции или докази дека е инволвирано во случајот „Рекет“. Во тоа, вели јавноста ќе се увери во текот на судската постапка, кога ќе бидат презентирани сите докази. „Јавноста ќе може тогаш комплетно да процени преку вас медиумите дали ние определени работи сме ги испитале или не сме ги испитале докрај,…
Вкупно 39 политички партии оваа година добија пари од буџетот согласно новиот Закон за финансирање на политичките партии. Исплатени се 4.583.000 евра, а дополнително треба да се распределат уште 319.800 евра за партиско – аналитички центри. ИРЛ податоците ги доби од Министерството за правда. Најмногу пари од државната каса им се поделија на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Владејачката партија доби 1.180.000 евра, а најголемата опозициска партија 1.025.000 евра. На третото место…

















