Советот на Европската Унија даде глас за доверба на поранешната Специјална јавна обвинителка на Романија, Лаура Ковеси. На денешниот состанок на Советот на ЕУ кој се одржа во Брисел, 17 од 22 членови и ја дадоа својата поддршка на Ковеси. Откако таа беше поддржана и од страна на Европскиот парламент, нејзиното назначување за главен јавен обвинител на ЕУ е извесно. За време на нејзиниот мандат како главен специјален јавен обвинител,…
Кога ќе стане збор за намалување или зголемување на привилегиите на политичарите, тогаш тие секогаш имаат идентичен став. Од позиција на власт или опозиција, и партиите и нивните преставници брзо и тивко се усогласуваат за законите со кои се регулираат нивните права. Така беше кога во неколку наврати кога во Парламентот се гласаа измени во Законот за пратеници, Законот за финансирање на политички партии, Законот за слободен пристап до информации…
Ако сите протестираат, вклучително и министерот, тогаш што го предизвикува насилството врз лекарите и каде треба да се бара одговорноста Пишуваат: Влатко Чаловски и Давид Илиески Од различни страни на клиничкиот центар дисперзирани групи на лекари се придвижија кон договорената локација за протест. Мотото е “Стоп за насилството врз белиот мантил”. Локација е дворот на Клиничкиот центар “Мајка Тереза” во Скопје. Организатор е Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари, а…
Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски е под истрага на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за спорниот тендер за набавка на радарски систем. Од Обвинителството информираат дека со овој предмет споена е и кривична пријава поднесена од политичка партија. „Во август надлежен јавен обвинител што постапува по предметот до Министерството за внатрешни работи издаде Наредба за прибирање на севкупната документација за предметот. Воедно е наредена и темелна…

















