Бранејќи ја својата чест како доктор кој им служел на граѓаните над 20 години, на прес-конференција на која доцнеше речиси половина час од закажаното време, заменик-министерот за здравство Асим Муса, поднесе оставка. Одговорноста на Муса како службено лице ја доведе во прашање албанската телевизија „Топ Ченел“, која објави видео како наводно зема поткуп за да направи операција на пациент од Албанија во земјава. Истражувањето на „Фикс Фаре“ кое траело три…
Со случајот на Фросина Ременски се покажува дека истрагите се неселективни и дека СДСМ како власт се решени да се борат со корупцијата и криминал дури и со луѓето во нивните редови, вака денеска во интервју за Радио Слободна Европа се пофали министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Некогаш беше незамисливо да се разговара за кривично правна одговорност за кој било член на владата, директор, пратеник и така натаму. Сега, полека,…
Како и да бидат кажани фактите, не ја менуваат суштината и вистинитоста. Ова е реакцијата на премиерот Зоран Заев за сведочењето на поранешниот разузнавач Зоран Верушевски во предметот „Таргет-Тврдина“, во кое прстот го впери кон поранешниот премиер Никола Груевски иако првообвинет во овој случај е поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков. По вчерашното сведочење на Верушевски, откако одбраната и Мијалков имаа шанса да му поставуваат прашања но одбија, јавноста реагираше…
Заемно упатено прашање „Како сте?“ и еден краток џентлменски поздрав пред почетокот на рочиштето за „Таргет-Тврдина“ во ходниците на Кривичниот суд упатуваат на заемна почит помеѓу поранешните први разузнавачи во државата, Сашо Мијалков и Зоран Верушевски. Дополнително, сведочењето на Верушевски за „документацијата“ како шо ги нарекува „бомбите“ кои ги објавуваше Заев и посочувањето дека Никола Груевски треба да биде првообвинет во овој случај, го поставува прашањето дали „култот кон безбедносниот…

















