Неколку часа откако багерите на јавното претпријатие „Македонија пат“ почнаа да ја уриваат дивоградбата пред трговскиот центар „Мавровка“, Основното јавно обвинителство отвори истражна постапка против сопственикот Мевлудин Алити и побара судија на претходна постапка од Кривичниот суд да му определи мерки за претпазливост поради опасност од бегство. Обвинителството бара да му се одреди мерки за претпазливост. „Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради…
Мевлудин Алити е човекот кој што не може да добие покана за разговор од институциите. Тој е сопственик на парцелата на која што се гради дивоградбата. Но, ИРЛ открива дека неверојатната приказна за создавањето на бетонското чудовиште пред трговскиот центар „Мавровка“ почнува многу порано од дивата сеча на дрва и пожарот во кафулето „Фонтана“ кога овој човек пред 8 месеци успева да легализира времен објект. Пишуваат: Сашка Цветковска и Александра…
Подготви: Дајана Лазаревска 20 август 2020 година за време на летот од сибирскиот град Томск до Москва лидерот на руската опозиција Алексеј Навални почнува да се чувствува лошо. Во авионот се слушаат врисоци предизвикани од болка, по што интервенира болнички тим. Авионот слетува во градот Омск каде Навални е пренесен во тамошната болница. „Неговата состојба е сериозна“, изјави лекар од болницата и додаде дека се наоѓа во кома и е…
Пишуваат Дајана Лазаревски и Лила Караташева Фотографии ИРЛ Македонија Повеќе од пет години Универзална сала не е местото каде се одржуваат концерти, претстави и фестивали. Објектот не е безбеден за публиката, ниту пак има услови зад сцената за уметниците. Однадвор за оние кои не се од Скопје наликува на напуштен објект, но за скопјани Универзална сала е место кое ги чува спомените на многу генерации. За политичарите, пак, овој објект…

















