Податоците кои ги обработи ИРЛ покажуваат дека многу брзо расте бројот на новозаболени од Ковид 19, додека бројот на оздравени не се зголемува доволно брзо за да се ослободат доволно кревети за новите пациенти кои треба да бидат хоспитализирани. Бројот на мртви во сегашниот бран во споредба со првиот пролетен бран кога имаше построги мерки е до пет пати повисок. Денот е четврток, 12 ноември. Бројот на болни расте побрзо…
Жителите на улицата „Пржино“ денеска ги спречија инвеститорите да почнат да го расчистуваат теренот за изградба на четири четирикатници до нивните куќи. ИРЛ го следеше апсурдното урбанистичко решение за малата пржинска улица. Преку неа ги илустриравме контроверзните законски и општински одлуки носени со партиски консензус во Советите, а со кои што од општината Кисела Вода се направи најконроверзната урбанизација на оваа скопска населба. Градежно – полициска офанзива Утрово околу 10…
Во шест трансакции во период од единаесет месеци биле префрлени парите со кои поранешниот премиер Никола Груевски ги купил атрактивните плацеви на Водно. На сметката на „Сирах инженеринг“ од Скопје во периодот од 19 октомври 2012 година до 4 септември 2013 година биле префрлени вкупно 1.299.515 евра. Овие пари, според сомнежите на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал, биле донации од фирми и членови на ВМРО-ДПМНЕ и наместо да…
Антикорупциската комисија останува изолирана од другите институции кои треба да и’ бидат логистика во борбата против корупцијата. Членовите на ДКСК немаат пристап до базите на ниту еден државен орган од каде можат да црпат податоци за имотната состојба на функционерите. Речиси две години Комисијата не успеа да набави софтвер кој ќе ја поврзе со 17 други институции, како МВР, УЈП, Катастар, Централниот депозитар за хартии од вредност и други. „Во…

















